Име на проектот:
Проширување на пристапот и вклучувањето на децата Роми до услугите за ран детски развој и основно образование во Северна Македонија
Главна цел на проектот:
Да се прошири пристапот на децата Роми од двата пола до квалитетно предучилишно и основно образование и да се зголеми бројот на родители кои ќе имаат активна улога во образованието на децата во Северна Македонија.
Специфична цел 1 (поврзана со првата компонента РДР): Подобрен пристапот на децата Роми до предучилишно образование, вклучувајќи ги вештините за раниот детски развој и подготвеноста за училиште, како и зајакнување на родителските вештини и вмрежување во раниот детски развој и грижа, здравје, и зајакнување на ромскиот идентите и култура во општините Штип, Тетово и Дебар.
Специфична цел 2 (поврзана со втората компонента ОО): Подобрена инклузија и образовни резултати (вклучувајќи спречување на напуштање на училиште) на ниво на основно образование со посебен фокус на намалување на големиот јаз помеѓу машките и женските нивоа на образование преку обезбедување родово разделени вредности како и зајакнување на родителските вештини и вмрежувањето во основното образование и зголемување на свеста на сите чинители за ромската култура и идентитет во општините Штип, Тетово и Дебар.
Главни активности на проекти во работните пакети (РП):
РП1: Проширување на пристапот на децата Роми до квалитетно рано детско образование (РДР)
А1.1: Помош при упис на деца во градинки и услуги за ран детски развој
А1.2: Имплементација на образовни програми фокусирани на децата
А1.3: Родителски активности
А1.4: Запишување деца во основно образование
А1.5: Дигитални активности за учење
А1.6: Активности за застапување и политики
РП2: Проширување на пристапот до квалитетно основно образование
А2.1: Активности за упис на ученици Роми во основно образование
А2.2: Имплементација на програмата училиште по училиште (програма за туторство)
А2.3: Родителски активности
А2.4: Активности за градење на капацитетите на наставниците во училиштата
РП3: Подигнување и ширење на свеста
А3.1: Дизајн и ширење на информациски материјал и алатки
А3.2: Организација на настани за дисеминација
Донатор на проектот
Проектот е финансиран од Европската Унија. Проектот е менаџиран од Ромскиот Образовен Фонд од Романија и е дел од регионалниот проект ЕУ Регионална Акција за образование на Ромите: Зголемена поддршка за образование и можностите за учениците Роми во земјите од Западен балкан и Турција (RARE) втора фаза.
Имплементатори на проектот:
Лидер организација: Асоцијација за Демократски Развој на Ромите „Сонце“ од Тетово
Партнер организација: Здружение за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсе Центар“ Скопје